19-23.09.2016, Дванаесет жени Креативки од Вардарскиот регион, од 19 до 23 септември годинава беа на тридневната студиска посета во Љубљана, Република Словенија. Креативките од Велес, Свети Николе, Чашка и Неготино имаа можност да видат како тамошните креативни жени изработуваат производи, обезбедуваат конкурентност на пазарот и заработуваат. Тие ги посетија продавниците за рачни изработки „Три Мухе, „Ика“ а беа во посета и на словенечката невладина организација „Сметумет“, која исто така се занимава со изработка на најразлични предмети од рециклиран материјал.


Жените Креативки од Македонија, исто така, го посетија и словенечкиот град Камник кој е познат по производство на керамички садови. Во нејзиното атеље со име „Хиша Керамике“ сликарката Марица Птичар ја раскажа приказната на создавање на брендот „мајолика“. Потоа Креативките посетија и продавница за органска храна каде се запознаа со производството на био храна додека во туристичка агенција ја слушна приказната за производството на сирење во бачилата на Велика планина под која се наоѓа Камник.
Дванаесетте жени Креативки се учеснички во проектот „Економско зајакнување на жената од Вардарскиот регион“ што во изминатите дваесет и седум месеци во Македонија го спроведуваа Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ од Велес и ИРД од Љубљана, Словенија. Проектот го финансираше словенечкото министертсво за надворешни работи. Секретарот на министерството, Матјаз Флорјанц Лукан, присуствуваше на изложбата што Креативките од Македонија ја поставија во просториите на Македонското културно друштво во Љубљана. Креативните рачно изработени предмети ги воодушевија присутните гости. Изложбата ја отворија Лукан и претседателот на МКД Словенија, Вања Вардјан познат словенечки новинар.

18.09.2016, Креативки од проектот Економско зајакнување на жените од Вардарскиот регион, учествуваа на мини базар што во неделата (18 септември) се одржа на рибникот во село Нежилово Општина Чашка. На базарот дел од жените ги изложија своите рачно изработени предмети на кои работеа во изминативе две години. Разни парчиња накит, украсни предмети, производи од волна, можеа да се најдат на штандовите во дворот пред рибникот. Гостите не ги одминуваа, напротив со големо внимание ги разгледуваа, се воодушевуваа и ги купуваа.

16.09.2016 ,Како завршна фаза на проектот „Економско зајакнување на жените од Вардарскиот регион“, Фондација за локален развој и демократија Фокус организираше мини базар на коj жените Креативки ги изложија и презентираа своите рачно изработени предмети и производи. Базарот се одржа на 16 септември во просториите на Славјанскиот универзитет Гаврило Романовиќ Державин во Свети Николе. Рачно изработените производи што жените ги направија изминатите две години, предизвикаа големо внимание кај посетителите. Со големо воодушевување ги разгледуваа предметите а оние што најмногу им се допаднаа ги купија.

05.08.2016  Жените Креативки вклучени во проектот „Економско зајакнување на жените од Вардарскиот регион“ на Фондација Фокус од Велес, во петокот во Младинскиот парк учествуваа на изложбен мини базар. Петнаесетина Креативки од Велес, Свети Николе, Чашка и Неготино, на штандови ги изложија своите креативни производи што ги изработија во текот на изминатите дваесет и седум месеци од почетокот на проектот. За време на четиричасовниот базар велешани имаа можност да видат и да купат разни парчиња рачно изработен накит, украсни предмети, како и парчиња гардероба изработена од природна волна.
Во рамки на проектот следуваат уште два мини базара кои треба да се случат во текот на наредниот месец.

14.07.2016

Креативките од проектот „Зајакнување на креативните вештини на жените од Вардарскиот регион“, учествуваа на Регионалниот форум за соработка „Мој пат, моја вистина“, што се одржа на 14 јули во Градската библиотека при Домот на култура во Свети Николе. На неколку штанда тие ги поставија своите рачно изработени предмети како накит, парчиња облека, сувенири и ги промовираа пред учесниците на Форумот и присутните гости. Дел од производите на Креативките се продадоа.
Формумот се одржа во организација на Цивика мобилитас и ко-организација на Организацијата на жените од општина Свети Николе. Инаку во организацијата се вклучија и Фондација за локален развој и демократија Фокус од Велес, Центарот за интеркултурен дијалог, Центарот на ромската заедница ДРОМ од Куманово и Флоренс-Најтингел од Куманово.

Најново