06.10.2015

За оваа работилници набавивме посебни минијатури од грнчарски производи на кои им беше потребна доработка. Креативките од овие производи создадоа сувенири. Користејќи традиционални македонски бои и дезени Креативките насликаа мотиви од македонскиот фолклор како и обележјата на државата, знаме и грб, со цел да се создаде интересен сувенир за туристите што ја посетуваат нашата држава. Учесничките во проектот од групата за ликовни техники видоа дека овој вид на сувенири може да биде дел од туристичка промоција на Македонија и да им овозможи постабилна работа и заработувачка.

Обучувачот Димитриј Михајловски за оваа работилница изработи скици од неколку локални споменици , обележја на градот Велес, што потоа Креативките ги прецртуваа на глинени чинии, бардачиња и ќупчиња. Михајловски беше активко вклучен во работата на Креативките, посветувајќи поединечно внимание на секоја Креативка со цел да изработи што попрецизена слика.
Петата работилница на учесничките во проектот од групата за подготовка за накит се одржа на 7 септември 2015 година. Во Креативниот центар нив обучувачката Александра Иванова им ги презентираше техниките и вештините за создавање на накит од . Иванова им презентираше подготвени видео телевизиски материјали – туторијали. Потоа со нејзина помош, до крајот на три часовната обука, жените ги создадоа првите свои креативни производи како ......

Најново