Регионалниот Креативен Центар – КРЕАТИВКА, функционира во рамки на проектот "Економско зајакнување на жените од Вардарскиот регион" имплементиран од Фондација Фокус во партнерство со ИРД - словенска невладина организација за меѓународна поддршка и развој, финансиран од Министерството за надворешни работи на Република Словенија.

Регионалниот креативен центар, е опремен со техничка опрема и работни материјали за имплементација на креативни работилници и изработка на креативни предмети.

Исто така, тој претставува и ресурсен центар, кој располага со дата податоци и контакти, од жените инволвирани во проектот како понудувачи на рачни изработки, до сите заинтересирани страни како побарувачи.

Програмата, нуди развој на креативни вештини за невработени жени од сите девет општиини од Вардарскиот регион и опфаќа повеќе сегменти од теоретска и практична природа, чија имплементација непосредно ќе допронесат за креирање потенцијален профил на “жена претприемач”, во доменот на креативните индустрии. Во Центарот се реализираат работилници за развој на креативни капацитети, сумирани во 5 категории и тоа: изработка на накит, традиционални техники на плетење и везење, доработка на предмети и текстил, предмети од рециклирани материјали и ликовни техники, водени од докажани обучувачи во специфичната област.

Воедно Програмата, предвидува и тренинзи со дефинирани методи и теми за развој на претприемачкиот дух, информации за можностите за самовработување, изработка на бизнис планови и поддршка и менторство во продавањето на изработените креативни предмети.

Печати