08.10.2015
Изработените сувенири на Креативките на претходната работилница сега добиваа финален изглед. Со последни финеси се доцртуваа мотивите и се бојадисуваа скиците. Креативките со обучувачот Димитриј Михајловски развија дискусија за тоа каде и на кој начин можат да ги изложат и продадат сувенирите. Креативките констатираа дека Вардарскиот регион е транзитна рута на голем број на странски туристи со што им се отвора можноста за успешна промоција и потенцијална продажба, особено во летниот период од годината.
На крајот Михајловски им посака успешна понатамошна работа.
Координаторот на проектот Марија Алчева ги запозна Креативките со следните активности и договори временски период во кој се очекува креативните изработки да бидат финализирани и подготвени за предавање и промоција.
Обучувачот Михајловски на Креативките од оваа група им соопшти дека стои на располагање за наредни консултации и помош.