15.09.2015

На петтата работилница за доработка Креативките изработуваа укрсни јаки од комбинирани материјали и циркони, женски ремени, мали дамски ташнички и други креативни производи.
Обучувачката Јасмина Огнанова како и претходно ги мотивираше со идеи и туторијали. Таа им помагаше на Креативките што попрецизно и поквалитетно да ги изработат своите производи.

11.09.2015

Низ работа и дружба помина и последната работилница на накит. Креативките ги донесоа своите изработки за време на сите претходни, пет, работилници за да ги финишираат. Меѓу себе споделија совети и идеји. Исто така се договорија дека во иднина ќе се сретнуваат и ќе работат во групи, дома и во Креативниот центар што постојано е отворен за нив и нивните потреби. Креативките добија пакет со материјали потребен за изработка на накит што ќе го искористат за создавање на нови парчиња накит потребни за изложбените полици за промоција и можна продажба.

07.09.2015

Креативките прилично ги усовршија своите креативни вештини за изработка на накит и на оваа, петта, работилница изработуваа накит од комбинирани материјали. Тие веке стекнаа навика за три до чети часовна меѓусебна дружба, размена на идеи, прегледи на туторијали и практична работа.
За нив особено беше значајно што обучувачката Александра Иванова постојано ги водеше низ фазите од идеја до краен производ.

19.05.2015

За додатно да се мотивираат Креативките на четвртата работилница за плетење и везење донесоа дел од своите изработки од дома. Сплетени женски чанти од пластичен конец, минијатури на машки чорапи и калци, плетени детски играчки, накит, јаки и доработени честитки со везени апликации.
Обучувачката Соња Пљакова беше импресионирана од изработките и ги охрабри Креативките за понатамошна работа. На работилницата беа изработени повеќе изработки.

Најново