27.03.2015

На првата обука на Креативките од групата за ликовни техники обучувачот Димитриј Михајловски пред 9- те учеснички ја презентираше техниката Монотипија како една од повеќето ликовни техники кои овозможуваат создавање на слики.
Кретивките користејќи специфична хартија и темперни бои ги создадоа првите слики. Тие покажаа креативност во композицијата на формите и боите.

26.03.2015

Креативките од групата за изучување на традиционалните техники на плетење и везење присуствуваа на првата работилница која во регионалниот Креативен центар во Велес ја одржа обучувачката Соња Пљакова. Таа на заинтересираните 9 жени од Вардарскиот регион, за овој вид на креативна техника, им ги покажа плетките што можат најчесто да се создадат со игла чингелакија.
Тоа се различни видови на плетки кои се изработуваат од конец од видот Нада и Корал. Создадените апликации имат примена во домот, како миленца или во моделарството како украси на фустани за дами, дамски ташнички и ташничиња за мобилни телефони .
Поголем број од Креативките имаа искуство во плетење на чингелакија и покажаа особено внимание за новите техники и плетки што се особено интересни за работа а се дел од македонската традиција.

20.03.2015

Се одржа и втората креативна работилница, инаку прва од категоријата за доработка на предмети и текстил, во регионалниот Креативен центар во Велес. Обуката ја одржа обучувачката Јасмина Огнанова со 18-те жени заинтересирани за оваа креативна техника. Таа прво им престави различни идеи кои можат да послужат при изработи од текстилни материјали.
Жените Креативки изучуваа како да изработат апликации кои како детали можат да бидат искористени за декоративни украси во детска соба како и на женски чанти, блузи, наметки и друг вид на облека.
Креативките покажаа мотивираност и креативност кога ги создаваа првите креативни производи.
Оваа работилница беше проследена и од најмлад посетител, син на Креативка, која присуствуваше на работилницата и по цена сопственото дете да го донесе од Свети Николе во Велес. Ваква ситуација предвидовме и во самиот проект, за што беа информирани жените учеснички дека за време на работилниците можат да ги донесат и сопствените деца кои ќе бидат анимирани во детското катче наменето за нив.

13.03.2015

Започнаа креативните работилници во ново отворениот регионален Креативниот центар во Велес. Првата работилница ја одржа обучувачката Александра Иванова со 20-те учесничките во проектот(жените Креативки) во групата за изработка на нaкит. Обучувачката Иванова ги запозна со основните техники и вештини како и со потребните алатки за изработка на овој вид на креативни производи. Потоа следуваа првите обиди на жените за изработка на накит и примена на специфичните алатки.
Интересот на Креативките беше голем. Тие со особено внимание ја проследија обуката и покажаа интерес за специфичните техники за создавање на накит производи.

Фондација „Фокус“ на прес конференција го најави почетокот на проектот “Економско зајакнување на жените од Вардарскиот регион”. Пред новинарите за активностите што ќе се реализираат во наредниот период информираа извршната директорка на „Фокус“, Весна Шкортова, економскиот советник на Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија, Мира Лесјак и координаторката на проектот Марија Алчева.

Најново