19-23.09.2016, Дванаесет жени Креативки од Вардарскиот регион, од 19 до 23 септември годинава беа на тридневната студиска посета во Љубљана, Република Словенија. Креативките од Велес, Свети Николе, Чашка и Неготино имаа можност да видат како тамошните креативни жени изработуваат производи, обезбедуваат конкурентност на пазарот и заработуваат. Тие ги посетија продавниците за рачни изработки „Три Мухе, „Ика“ а беа во посета и на словенечката невладина организација „Сметумет“, која исто така се занимава со изработка на најразлични предмети од рециклиран материјал.


Жените Креативки од Македонија, исто така, го посетија и словенечкиот град Камник кој е познат по производство на керамички садови. Во нејзиното атеље со име „Хиша Керамике“ сликарката Марица Птичар ја раскажа приказната на создавање на брендот „мајолика“. Потоа Креативките посетија и продавница за органска храна каде се запознаа со производството на био храна додека во туристичка агенција ја слушна приказната за производството на сирење во бачилата на Велика планина под која се наоѓа Камник.
Дванаесетте жени Креативки се учеснички во проектот „Економско зајакнување на жената од Вардарскиот регион“ што во изминатите дваесет и седум месеци во Македонија го спроведуваа Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ од Велес и ИРД од Љубљана, Словенија. Проектот го финансираше словенечкото министертсво за надворешни работи. Секретарот на министерството, Матјаз Флорјанц Лукан, присуствуваше на изложбата што Креативките од Македонија ја поставија во просториите на Македонското културно друштво во Љубљана. Креативните рачно изработени предмети ги воодушевија присутните гости. Изложбата ја отворија Лукан и претседателот на МКД Словенија, Вања Вардјан познат словенечки новинар.

Најново