15.09.2015

Жените Креативки и од оваа група го завршија циклусот на работилници изработувајќи креативни производи што за нив беа најинтересни во текот на обуката. Женски јаки, ташни, детаљи од тексас беа меѓу последните производи кои излегоа од вредните женски раце. Најголем дел од Креативките споделуваа совети за поефикасна изработка. Сите имаа совети и идеји за своите пријателки. Секој производ беше детално претставен и анализиран.

Се прегледуваа и најситните детали со цел што побрзо производите да се продадат. Креативките добија пакет со материјали потребен за изработка на накит што ќе го искористат за создавање на нови парчиња накит потребни за изложбените полици за промоција и можна продажба.
Координаторот на проектот Марија Алчева ги запозна и со следните активности и договори временски период во кој се очекува креативните изработки да бидат финализирани и подготвени за предавање.
Обучувачката Јасмина Огнанова сподели задоволство за посветеноста на Креативките во рамките на обуката и изрази надеж дека нивните производи за брзо време ќе се најдат во продажба пред пребирливите купувачи.

Најново