29.04.2015

Дваесетте Креативки кои се дел од групата за изработка на накит на третата обука изработуваа парчиња накит од полимерна глина. Целиот процес на изработка на накит од полимерна глина е не е едноставен. Составен е од повеќе фази. Прво глината се омекнува за да добие обработлива форма. Потоа од неа со голема прецизност се изработуваат посакуваните форми на накит. Наредна е фазата на сушење по што следува бојадисување со бои и на крај се финишираат со акрилен безбоен спреј кој им дава цврстина и сјај.
Обучувачката Александра Иванова за време на работилницата на Креативките им го пренезентираше целиот процес и им асистираше во изработката на нивните креации на накит.

Креативките беа иновативни во работата и искреираа убави и интересни парчиња накит.

Најново