23.04.2015

На втората работилница Креативките од групата за плетење и везење имаа можност да одберат шема од повеќе понудени специјализирани списанија и во соработка со обучувачката Соња Пљакова да почнат да плетат производи со тенок конец.
Креативките ги искористија шемите да создадат конкретни производи кои за нив беа предизвик да се изработат.

22.04.2015

На третата работилница за ликовни техники Креативките имаа можност на специјална хартија со нерамна текстура да насликаат слики на тема што сами ќе ја изберат.
Обучувачот Димитриј Михајловски користејќи го интернетот им презентираше изработени слики на реномирани светски сликари. Тоа дополнително ги мотивираше Креативките за работа на оваа работилница.

16.04.2015

Обучувачката Јасмина Огнанова на втората работилница за доработка ги поттикна 18-те жени од оваа група, да создадат производи од веќе износени панталони, кошули и блузи.

09.04.2015

На втората работилница за изработка на накит обучувачката Александра Иванова на 20-те Креативки им презентираше како да ги искористат овие видови на матријали за изработка на впечатлив накит. За таа цел Креативките беа и додатно инспирирани од туторијали кои ги проследија на телевизор. Потоа следеше размена на идеи како од замисла да се создаде накит.

Фасцинирани од техниките со голема посветеност  Креативките „се фрлија“ на работа и во наредните неколку часа произведоа голем број на парчиња накит.

08.04.2015 

Деветте учеснички од оваа група за момент го претворија Регионалниот Креативен центар во сликарско атеље. Со комбинација на различни тонови на бои и дезени украсуваа стакло создавајќи живописни минијатури на пејсажи. Беше интересно да се присуствува на тричасовната обука и да се забележи посветеноста на уметниците почетници кои со четките и палетите во раце ја преточуваа својата идеја во слика.
Претходно, обучувачот Димитриј Михајловски, теоретски им ја претстави оваа техника на цртање на стакло и ги следеше во фазите на создавањe на овој вид на креативни изработки.

Најново