15.05.2015

Учесничките на оваа, четврта, работилница за ликовни техники имаа можност да се запознаат со техниката декупаж, народски позната како салфетна техника. Обучувачот Димитриј Михајловски прво им ги презентираше репроматеријалите кои најчесто се користат за оваа техника и начинот на украсување на предметите.

14.05.2015

На третата обука за плетење и везење 9-те Креативки, од оваа група на проектот, изработија интересни плетени и везени апликации кои потоа ги шиеја на изработени торбички од јутени вреќи и платно.
Креативките ги искористија сопствените вештини за везење и плетење. Обучувачката Соња Пљакова им презентираше нови видови на плетки и традиционални македонски везови. На тој начин Креативките ги доразвија своите вештини и изработија убави производи.

07.05.2015

Креативките од групата за изработка на накит, најдолго време во Креативниот центар, останаа за време на четвртатта работилница. Оваа работилница беше најинтересна за дваесетте учеснички од оваа група во проектот. Станува збор за изработка на накит во повеќе фази и е потребно повеќе време. Креативките прво фимото го омекнува со специјален омекнувач. Потоа со оклагии го расукуваа за да ја добијат посакуваната форма од која сечеа ленти во различни бои, па ги спојуваа за да добијат шаренолика основа на која ги исцртуваа и сечеа делови за гердани, брезлетни, обетки и брошеви.

06.05.2015

Обучувачката Јасмина Огнанова, на третата работилница на групата за доработка, донесе лично искреирани и изработени детски играчки од ткаенини наполнети со остатоци од искористени материјали. Тие беа интересни за сите Креативки кои одлучија да изработат неколку видови кукли по теркови што претходно Огнанова ги подготвила.

29.04.2015

Дваесетте Креативки кои се дел од групата за изработка на накит на третата обука изработуваа парчиња накит од полимерна глина. Целиот процес на изработка на накит од полимерна глина е не е едноставен. Составен е од повеќе фази. Прво глината се омекнува за да добие обработлива форма. Потоа од неа со голема прецизност се изработуваат посакуваните форми на накит. Наредна е фазата на сушење по што следува бојадисување со бои и на крај се финишираат со акрилен безбоен спреј кој им дава цврстина и сјај.
Обучувачката Александра Иванова за време на работилницата на Креативките им го пренезентираше целиот процес и им асистираше во изработката на нивните креации на накит.

Најново