11.09.2015

Низ работа и дружба помина и последната работилница на накит. Креативките ги донесоа своите изработки за време на сите претходни, пет, работилници за да ги финишираат. Меѓу себе споделија совети и идеји. Исто така се договорија дека во иднина ќе се сретнуваат и ќе работат во групи, дома и во Креативниот центар што постојано е отворен за нив и нивните потреби. Креативките добија пакет со материјали потребен за изработка на накит што ќе го искористат за создавање на нови парчиња накит потребни за изложбените полици за промоција и можна продажба.

Координаторот на проектот Марија Алчева ги запозна и со следните активности и договори временски период во кој се очекува креативните изработки да бидат финализирани и подготвени за предавање.
Обучувачката Александра Иванова им соопшти дека стои на располагање за наредни консултации и помош.

Најново