21.05.2015

Летен тренд се женските ташни како впечатлив детаљ од стајлингот на секоја жена. Тоа беше коментарот на голем број од учесничките во проектот од групата за доработка. Токму тој коментар предизвика дискусија и мотив за активностите на четвртата работилница на Креативките. Тие покажаа голема умешност во изборот на ткаенини како и модни детаљи кои ги искористија во процесот на изработка на летните ташни.
Обучувачката Јасмина Огнанова ги подготви терковите. Креативките се фатија за ножиците. По процесот на кроење следеше шиење и на крајот украсување на женските ташни. Сите девет Креативки дома си отидоа со ново изработени ташни на кои им преостана само да ги понудат за продажба.

Најново