07.05.2015

Креативките од групата за изработка на накит, најдолго време во Креативниот центар, останаа за време на четвртатта работилница. Оваа работилница беше најинтересна за дваесетте учеснички од оваа група во проектот. Станува збор за изработка на накит во повеќе фази и е потребно повеќе време. Креативките прво фимото го омекнува со специјален омекнувач. Потоа со оклагии го расукуваа за да ја добијат посакуваната форма од која сечеа ленти во различни бои, па ги спојуваа за да добијат шаренолика основа на која ги исцртуваа и сечеа делови за гердани, брезлетни, обетки и брошеви.

 

Претходно, целата постапка им ја презентираше обучувачката Александра Иванова за потоа да им помага во изработката на производство на финален накит.

Најново