26.03.2015

Креативките од групата за изучување на традиционалните техники на плетење и везење присуствуваа на првата работилница која во регионалниот Креативен центар во Велес ја одржа обучувачката Соња Пљакова. Таа на заинтересираните 9 жени од Вардарскиот регион, за овој вид на креативна техника, им ги покажа плетките што можат најчесто да се создадат со игла чингелакија.
Тоа се различни видови на плетки кои се изработуваат од конец од видот Нада и Корал. Создадените апликации имат примена во домот, како миленца или во моделарството како украси на фустани за дами, дамски ташнички и ташничиња за мобилни телефони .
Поголем број од Креативките имаа искуство во плетење на чингелакија и покажаа особено внимание за новите техники и плетки што се особено интересни за работа а се дел од македонската традиција.

Најново