20.03.2015

Се одржа и втората креативна работилница, инаку прва од категоријата за доработка на предмети и текстил, во регионалниот Креативен центар во Велес. Обуката ја одржа обучувачката Јасмина Огнанова со 18-те жени заинтересирани за оваа креативна техника. Таа прво им престави различни идеи кои можат да послужат при изработи од текстилни материјали.
Жените Креативки изучуваа како да изработат апликации кои како детали можат да бидат искористени за декоративни украси во детска соба како и на женски чанти, блузи, наметки и друг вид на облека.
Креативките покажаа мотивираност и креативност кога ги создаваа првите креативни производи.
Оваа работилница беше проследена и од најмлад посетител, син на Креативка, која присуствуваше на работилницата и по цена сопственото дете да го донесе од Свети Николе во Велес. Ваква ситуација предвидовме и во самиот проект, за што беа информирани жените учеснички дека за време на работилниците можат да ги донесат и сопствените деца кои ќе бидат анимирани во детското катче наменето за нив.

Најново